14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Битолчанец во познат локал нарачал кисела вода, добил средство за миење садови – Итно пренесен во скопските клиники

42-годишниот битолчанец, кој два дена се лекува на Клиниката за токсикологија откако нарачал шише вода во познат угостителски објект во Битола, најверојатно е отруен со корозивно средство.

Неофицијално се дознава дека битолчанецот бил отруен со концентриран калиум и натриум хидроксид, чијшто двопроцентен раствор се користи за машинско миење на садови.

Според достапните податоци кои засега се неофицијални на битолчанецот му е оштетен хранопроводот и желудникот.

Тој прво побарал помош во битолската болница, но поради тежината на неговата состојба, со брза помош бил префрлен во Скопје.

Во тек е истрага за случајот.

Спонзорирано: