9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали за промените на Уставот ги лажат амбасадите или народот

ВМРО – ДПМНЕ мора да одлучи дали тоа што го зборува по амбасади, дајте ни власт, и безусловно ќе го промениме уставот, ќе го каже и пред народот, односно дали ги лажат амбасадите или го лажат народот, рече денеска во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-ВМРО – ДПМНЕ мора да одлучи дали тоа што го зборува по амбасади, дајте ни власт, и безусловно ќе го промениме уставот, ќе го каже и пред народот, односно дали ги лажат амбасадите или го лажат народот. Прво тоа прашање мора да го одговорат, како раководство па потоа да можеме да продолжиме со дискусијата, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер рече дека уставните измени се обврска за продолжување на европскиот пат на земјата и дека сите политички партии треба да покажат одговорност и додаде дека нема намера да свикува поединечни средби со пратеници или претседатели на партии.

-Лидерска средба кажав нема да има, свикана од мене, со оглед на тоа дека во овој момент нема потреба од такво нешто. Одвоени средби јас ниту сум практикувал, ниту практикувам, ниту ќе практикувам, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК