9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Шкријељ: Опозицијата да прекине да ги блокира законите за кои и Европската комисија ни кажа дека мора да ги донесеме

„Извештајот на Стејт департментот и Извештајот на Европската комисија ни даваат насоки каде треба да одиме со реформите за да ги исправиме работите во судството и во борбата против корупцијата. Тука ни е потребна согласноста на партиите за да може заеднички да ги истераме работите, а факт е дека две години законите се блокирани во Собранието“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека опозицијата ги блокира законите за кои во Извештајот на Европската комисија се констатира дека се потребни за да може да видиме некои промени.

„Ова е заеднички проблем на целото општество што се должи на долга низа години на неказнивост во општеството“ рече Шкријељ.

Пратеничката додаде дека оваа Влада не се обидува да ги стави проблемите под тепих и дека бара решенија за системските проблеми со корупцијата и судството кои се креирани со постапките на претходните влади долги години наназад.