Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија вечерва близу Битола: Загина млада жена, малолетно дете е тешко повредено – ова се првичните детали за страотната несреќа

Според информации на Centar.mk, во 16.20 часот во полицијата пријавено било дека на регионалниот пат Битола- Кичево кај местото викано “Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило марка “мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од лице (33) од село Белче, демирхисарско изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката (25)од село Белче каде од страна на брзата помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница Битола констатирани се тешки телесни повред, дознава Centar.mk.

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола.

Од страна на јавен обвинител издадена е наредба врз телото на починатата да се изврши обдукција.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК