Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стипендиите ќе се исплатат редовно, зголемувањето на средствата за студентскиот оброк зависи од пратениците, посочи Шаќири

Редовно ќе се исплаќаат стипендиите на студентите, посочува министерот за образование, Јетон Шаќири, а сите студенти што се исто категоризирани – ќе земаат исти износ на средства. Шаќири посочува дека позитивна вест е тоа што ова ќе се регулира и со анекс-договор. Тој вели дека ќе се разгледува можноста дали може и ретроактивно да се коригираат средствата кај студентите – односно да се усогласат износите и за минатата година.

„Позитивно е тоа што кажавме дека буџетски средства ќе се обезбедат“, посочи Шаќири.

Ќе се решава и износот за студентски оброк.

„Почна системски да се решава. Мислам дека месецот ќе бидеме побрзи од претходните во однос на исплатата. Веќе има доставен предлог од група пратеници, каде што влегува и менувањето на вредноста на оброкот“, додаде Шаќири.

Според него, по поминување на законот во Собранието, системското решение ќе биде обезбедено, а со тоа и повисока вредност на оброкот.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК