15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСИЗБОР

Пресуда за „Маѓар телеком“: По осум години затвор за тројца обвинети

Тројцата обвинети се гонеа за склучување фиктивни договори и денешната пресуда е за кривичното дело несовесно работење во службата

По осум години затвор добија тројца обвинети – Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас, во случајот „Маѓар телеком“ што се водеше пред првостепениот суд.

Пресудата денеска беше донесена во отсуство со оглед дека поранешните директори во оваа компанија се недостапни за органите на прогонот.

Тие се осудени за кривичното дело несовесно работење во службата, а покрај затворските казни, задолжени се да ја надоместат и штетата на државниот буџет во висина од 67 407 760 (околу еден милион евра).

Тројцата обвинети се гонеа за склучување фиктивни договори и денешната пресуда е за кривичното дело несовесно работење во службата.

Таа не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.

Спонзорирано: