Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Казни за 234 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 130 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК