25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари.

Ова значи дека еден граѓанин ќе може да добие поврат од 8.400 денари годишно наместо досегашните 7.200, додека четиричлено семејство ќе може да повлече една просечна плата плус односно 33.200 денари.

Преку мерката “Мој ДДВ” која беше промовирана пред неколку години досега се вратени повеќе од 80 милиони евра.

Од мерката Мој ДДВ задоволна е и државата и граѓаните. Задоволството е обострано со оглед дека има подобра наплата на данокот, бидејќи граѓаните се почесто бараат фискални сметки кои може да се скенираат преку мобилната апликација, а пота доибиваат поврат од 10% на данокот платен за странски производи и 20% за данокот платен за домашни производи.

Мерката Мој ДДВ има сериозно директно влијание врз подобрување на семејните буџети, зголемување на бројот на издадени сметки, наламување на сивата економија и нелојалната конкуренција.

Според последните статистики објавени од државните власти, апликацијата стартувала со 212.776 корисници, а денеска брои над 500.00, како и дека гледано по региони најмногу скенирани фискални сметки има во Скопје и тоа 259 милиони.

Податоците велат дека најмногу се скенирало сметки од бензиските пумпи, мали и големи маркети, аптеки, продавници за облека и бела техника, а најголем број од корисниците се жени.