Centar.mk
БИЗНИСвест

Бабовски: Повторното одгледување на свињи е можно ако се подигнат стандардите во одгледувалиштата

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски за Агротим изјави дека ситуацијата со африканската свинска чума во државава е стабилна, а рестриктивните мерки се на сила само во Куманово. Во останатите општини, откако ветеринарната инспекција ќе изврши категоризација дали фармата е со низок или со среден ризик, може да се почне со репопулација.

„Повторното одгледување на свињи е можно, дури и се препорачува, бидејќи одгледувачите на свињи се дел од нашата месна индустрија. Оние кои не ги исполнуваат условите, не можат да вршат репопулација. Мораат прво да ги подигнат стандардите во одгледувалиштата и да дојдат барем до категоријата фарми со среден ризик.“, објасни Бабовски.

Можеби ќе ве интересира

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

ДЕСК

Курсна листа за 18 март 2026

ДЕСК

ЦЕНОВЕН ШОК ПРЕД ВЕЛИГДЕН: И во буџет-маркетите пазарувањето станува луксуз за македонските граѓани

ДЕСК