Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски ја донира мартовската плата за болен ученик, ги повика и советниците да го сторат тоа

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ја донира својата мартовска плата за извршување оперативна интервенција на ученик што боледува од аневризма на главата и кому му е потребна финансиска помош за понатамошно лекување во Германија.

По извршената донација, Герасимовски ги повика општинската администрација и сите граѓани да се приклучат на повикот и донираат, а на советниците од Советот на Општина Центар им предложи да го следат неговиот пример и да донираат половина од своите советнички паушали. Станува збор за ученик од четврто одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Никола Трајковски.

„Ве повикувам и вас, сите хумани граѓани, да донирате и да го споделите овој повик. Ајде заедно да му помогнеме на Никола да победи во оваа тешка животна борба. Општина Центар и центарци се познати по својата хуманост. Тука сме биле секогаш да подадеме рака и да укажеме помош онаму каде што е најпотребна. Да го докажеме тоа уште еднаш“, повика Герасимовски на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +