13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Македонско возило излетало од пат во Врање, еден загинат

Македонски државјанин загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи на улицата „Партизански пат“ во Врање. Според неофицијални информации на српските медиуми автомобилот со регистерски таблици од Македонија излетал од патот и удрил во насипот.

Од полицијата велат дека се уште не се познати околностите, но потврдено е дека истрагата е во тек. Еден пациент е згрижен на Итна медицинска помош, дијагностиката е во тек.

Дел од патот е затворен, возилата се пренасочуваат на други патни правци.

Спонзорирано: