Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Што треба да знаете кога примате поштенска пратка со мала вредност од странство?

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА ПРИМАТЕ ПОШТЕНСКА ПРАТКА СО МАЛА ВРЕДНОСТ ОД СТРАНСТВО:

📦 Пратки со мала вредност испратени од странство од страна на ФИЗИЧКИ ЛИЦА со вкупна вредност до 45 евра по пратка СЕ ОСЛОБОДЕНИ од плаќање на царина и ДДВ (под услов да не се од комерцијална природа).

📦 Пратки со мала вредност испратени од ПРАВНИ ЛИЦА со вкупна вредност до 22 евра, СЕ ОСЛОБОДЕНИ од плаќање царина и ДДВ. Пратката испратена од ПРАВНО ЛИЦЕ со вкупна вредност помеѓу 22 и 90 евра е ослободена од царина, но за истата се плаќа ДДВ.

📌 Овие ослободувања не важат доколку пратката содржи алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и преработки од тутун.

📦 За пратките од странство испратени од ФИЗИЧКИ ЛИЦА со вкупна вредност која надминува 45 евра, како и пратки од ПРАВНИ ЛИЦА со вкупна вредност над 90 евра – СЕ ПЛАЌА ЦАРИНА и ДДВ.

👉 Повеќе детали за царинење на поштенски пратки на веб страницата на Царинска управа, на следниов линк:

https://www.customs.gov.mk/mali-pratki.nspx

Можеби ќе ве интересира

„Без граници, без препреки“ – виртуелно музејско патување што ги обедини децата од светот во Музејот на Народната банка

ДЕСК

Објавена нова листа на должници – еве кој колку должи за данок

ДЕСК

Лидл Северна Македонија продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија

C +