Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Имаме уверување дека ЕУ ќе го интензивира ангажманот и преговорите за да станеме членка до 2030 година

„Северна Македонија практикува европски вредности и немаме сомнеж дека одиме по исправниот европски пат. Јас и сите во Владата веруваме дека земјава има политилчки капацитети кои може да придонесат по скринингот со динамично темпо да влеземе во преговорите и до 2030 година да станеме членка на ЕУ“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по Советот за стабилизација и асоцијација.

Тој додаде дека добил уверување од Европската Унија дека ќе го интензивира ангажманот на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на државата.

„Владата е подготвена да работи на унапредување на социјалните и економските реформи и на опиплив напредок на владеењето на правото“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека Владата во наредниот период ќе вложи максимум напори за реализација на активностите со цел натамошно динамизирање на пристапниот процес кон Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК