19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Македонските коридори дел од европската патна мрежа

Во Брисел денеска продолжува објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 21, „Транс-европски мрежи“ заедно со Поглавјето 15, „Енергетика“. На почетокот на објаснувачкиот скрининг за Кластер 4, „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, кое започна вчера, со Поглавјето 21, и 14, „Транспортна политика“, вицепремиерот Маричиќ рече дека македонските власти го знаат значењето на транспортниот сектор и дека со финансиска поддршка на ЕУ ќе продолжат да се спроведуваат значајни инфраструктурни проекти.

„ Она што е битно да се каже дека Европската Унија полага многу значење на овие области, бидејќи се од суштинска важност за развојот на цела Европска Унија и за развојот на нашиот регион. Не може да има развој без развиена инфраструктура. Не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа и без ефикасна транспортна мрежа. И како што видовте и на скринингот целта на оваа политика е да се намали метежот, да се зголеми ефикасноста на транспортниот бизнис, и да функционира инфраструктура беспрекорно и без пречки, или со минимум неопходни пречки, додаде вицепремиерот Маричиќ во изјавата за медиумите.

Пред претставниците на Европската комисија, вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ рече дека Северна Македонија е држава којашто е вклучена во транспортната заедница и дека учествува и во енергетската, и во транспортната заедница, преку иницијативата на Берлинскиот процес.

Вицепремиерот ја поздрави намерата на Европската комисија да вложи дополнителни напори во развојот на новиот европски транспортен коридор за Западен Балкан и напомена дека тоа практично е воведување на регионот во европските коридори потенцирајќи дека веќе учествуваме во два важни европски коридори, Коридорот 10, што е целосно комплетиран и којшто може да биде и дополнет во наредниот период, како и Коридорот 8.

На крајот Маричиќ изрази уверување дека Владата е посветена на подобрување на транспортната инфраструктура и има преземено активности, пред сè во насока на изградба на алки што недостасуваат и санација на постојната транспортна мрежа, како дел од јадрото и сеопфатната мрежа на европските транспортни коридори.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК