Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

УЈП и УНДП ја продолжуваат соработката за креирање поефикасен даночен систем во државата

Скопје, 16 март 2023 – Зајакнувањето и развојот на институционалните и организациски капацитети за борба против даночното затајување и даночните измами, како и имплементирањето на Целите за одржлив развој се во фокусот на Меморандумот за соработка, кој денеска го потпишаа Управата за јавни приходи и Програмата за развој на Обединетите нации. На овој начин се потврди заложбата за продолжување на долгогодишната заедничка соработка помеѓу УЈП и УНДП.

„Во последните години, УНДП беше значаен партнер на Управата за јавни приходи во делот на измената и дополнувањето на законите, кои се однесуваат на одредби за трансферни цени, развивање алатки за анализа на ризик за транферни цени, обуки за спроведување финансиска анализа на ризик за трансферни цени, како и анализа на извештаи и контроли на трансферни цени. Токму преку УНДП нашите вработени добија експертска поддршка од Словачката даночна администрација каде се запознаа со меѓународната пракса и словачкото искуство во делот на регулативата за трансферни цени и постапката за контрола на трансферни цени. Верувам дека заедно можеме да придонесеме во борбата против даночната евазија и даночната измама со што ќе влијаеме за повисока доверба на граѓаните во институциите преку зајакнување на капацитетите на Управата за јавни приходи и во овој дел“, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Таа истакна дека во глобалната економија кога сè повеќе има потреба земјите да ги отвораат своите граници за меѓународна трговија и инвестиции, од суштинско значење е државите да можат да го наплатуваат данокот за добивката која компаниите ја остваруваат во земјата и тоа да го прават на начин што нема да ја дестимулира или нарушува меѓународната трговија и инвестиции. Преку продлабочената соработка со УНДП, ги јакнеме институционалните и организациските капацитети на УЈП за супервизија и контрола на деловните банки, осигурителните друштва, менувачниците, штедилниците и другите финансиски институции. Се овозможува „know how“ за Даночниот инспекторат во делот на контроли за трансферните цени, со што позитивно влијаеме и врз приходната страна на Буџетот.

Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан рече дека потпишувањето на меморандумот отвора пат за реализирање нови заеднички иницијативи и проекти со Управата за јавни приходи.

„Досегашната соработка во делот на трансферни цени и автоматска размена на информации за даночни цели покажа видливи резултати во насока на креирање пофер даночен систем за граѓаните и за компаниите. Од друга страна, овие активности се од клучно значење за пристапниот процес во Европската Унија, но и за остварување на Целите за одржлив развој на Обединетите нации“, рече Григорјан.

Управата за јавни приходи е вклучена во активностите во рамки на проектот „Поддршка на реформите за управување со јавните финансии“, кој го имплементира УНДП со финансиска и експертска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка и Словачката агенција за развојна соработка. Активностите на проектот се насочени кон зајакнување на капацитетите на Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи во процесот на прилагодување кон меѓународните стандарди во делот на трансферни цени.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе