Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Ковачевски: На двојните избори во 2024-та победуваат кандидатот и коалицијата на СДСМ

За мене етничката припадност не е професија, секој којшто исполнува професионални критериуми, којшто се стекнува со знаење со искуство, со посветеност со работа може да биде претседател на Влада особено во технички мандат, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со наредниот технички премиер кој го најавува ДУИ.

-Сме имале и премиер којшто е Влав, којшто успешно се справувал со предизвиците додека ја извршувал својата функција и затоа сметам дека тоа е нешто што апсолвирано во јавноста уште пред три години. Во однос на техничката влада тука би сакал да кажам еден мој личен став, сметам дека тип на таква пржинска влада на нашата држава воопшто не е потребен. Зошто? Бидејќи таа влада беше договорено ние едни тешки преговори кога нашата држава беше заробена држава не само според нас внатре, туку и според сите меѓународни рангирања во државата кога беше објавено дека државните институции се злоупотребуваат политички во цел на избори за една политичка партија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и како резултат на преговори си дојде до една техничка влада од 100 дена која што ги спроведува изборите. Земја која што е членка на НАТО, бидејќи ние тоа време не сме биле членка, земја која што отвори преговори со ЕУ, земја која претседава со ОБСЕ, земја која што во моментов е фактор на стабилноста на Балканот според се она што се случува кај нас, сметам дека не треба да има, но сепак тоа е работа на политички договор на сите политички партии во државата, рече Ковачевски.

Тој додаде дека се подготувува и нов Изборен законик во работна група на Министерството за правда и се надева дека ќе биде подготвен до наредните парламентарни избори.

-Граѓаните повторно ќе ја изберат оваа коалиција на избори, јас сум убеден во тоа, бидејќи нашите граѓани сака про-европска влада, влада која ги зголемува пензиите, која ги зголемува платите, влада која што носи антикризни мерки најголеми во регионот и која што ќе ја продолжи европскиот пат на државата, истакна премиерот.

Премиерот нагласи дека прашањето за предвремени избори е затворено.

-Претседателските избори ќе се случат во својот термин 2024 година, кога ќе победи кандидат предложен од СДСМ и после тоа ќе има парламентарни избори на коишто повторно граѓаните ќе се определат.. тие се според закон два различни процеса и ако ги погледнете датите кога се одржуваат, тие се два различни процеси и на коишто повторно ќе победи коалицијата предводена од СДСМ, бидејќи граѓаните не сакаат психо-националистичка коалиција од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица со којашто ќе имаат неизвесна иднина, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе