Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски во интервју за ТВ Сител: Минималната плата зголемена на 20.175 денари, системските решенија даваат резултати

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во интервју за Тема на денот во Дневникот на ТВ Сител изрази задоволство за последното зголемување на минималната плата на 20.175 денари што е зголемување за 2.175 денари. Секој работник ќе ја зема оваа плата како минимална почнувајќи од април годинава.

„Системските решенија кои што ги направивме минатата година даваат резултат, бидејќи платата од 15.000 кога јас дојдов како премиер сега е 20.175 денари, зборувам за минималната основна плата, без минат труд, без било какви други додатоци. Што се однесува до тоа исто така влијае и на зголемување на другите плати, само врз основа на ова зголемување на други 27.000 работници ќе им биде зголемена платата кои што ги имаат усогласено своите колективни договори со законот за минимална плата“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот истакна дека сите плати се усогласени во приватниот сектор и ако некаде не постои усогласеност тогаш треба да се реагира, секој работник може да реагира и нормално ќе следи усогласување и ќе биде исплатено тоа што не било исплатено од моментот кога требало да се направи усогласувањето“, рече премиерот Ковачевски.

Во врска со зголемувањето на платите во јавниот сектор премиерот Ковачевски рече дека оваа дискусија треба да се отвори со синдикатите кои што ги застапуваат работниците во јавниот сектор.

„Едно е зголемување на плата, меѓутоа исто така друго е и зголемување на продуктивноста и давањето на услуги на граѓаните, бидејќи на нас, ние кои што работиме во јавниот сектор, вие од приватниот сектор ни ја плаќате платата, вие очекувате подобри услови“, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители… Прочитај повеќе

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на… Прочитај повеќе

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе