Centar.mk
БИЗНИС

Исплатени субвенциите за обележани грла овци и кози

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ директни плаќања за обележани грла овци, обележани грла кози и женски приплодни грла – маторици.

Корисници на мерката за обележани грла овци се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на овци. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 553.9 милиони денари за 2664 одгледувачи на овци.

Корисници на мерката за обележани грла кози се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 10 грла кози од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 53.5 милиони денари за 1439 одгледувачи на кози.

Корисници на мерката за женски прилолдни грла – маторици се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 6 грла маторици. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува 9.96 милиони денари за 375 одгледувачи на женски приплодни грла – маторици.

„Со силна динамика ја продолжуваме исплатата за мерките за сточарско производство. По исплатите за живинарско производство, денеска ја реализираме и исплатата за одгледувачите на овци, кози и маторици. Дополнително, следи и исплатата за огледувачите на говеда и корисниците кои имаат пријавено пчелни семејства“, посочи Бачовски.

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за скенирачите на фискални: Познато е кога ќе тргне исплатата на повратот на данок преку Мој ДДВ

ДЕСК

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.