21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИСИЗБОР

Битиќи: Не нанесуваме штета никому, помагаме на сите што работат нерентабилно

„Јас имам среќа што сум бил активен чинител од почетокот на кризата, со ковид кризата и кога ги креравме мерките тогаш кажавме дека никој нема да биде изоставен и докажавме дека никој навистина не беше изоставен. И овде е истото. Сега јас велам ако навистина се покаже дека еве на работат ренатабилно, ние ќе се одважиме нема никаов проблем, ќе помогнеме, не сакаме да нанесеме штета на никој“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој, сепак, предупреди дека не смее да испадне како ситуацијата со барањето за субвенционирана цена на електрична енергија.

„Тогаш велеа дека електричната енергија е клучниот фактор, кога добија пониска цена после испадна дека не е само електричната енергија, иако знаевме дека не е само електричната енергија, туку дека сега се и другите суровини. Да не испадне и сега работиме рентабилно ама не сме добиле 100 единици добивка туку сме добиле 20 и тоа нерентабилно..“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека мора да има морал и етика во бизнисот, како што мора да има и секаде, а не само читање на теории.

„Морално и етичко однесување и на стопанствениците кон нивните клиенти е нужно,а особено во периоди на кризи сметам дека солидарноста е трет фактор кој што мора да го има насекаде и за жал тоа не го гледаме кај сите“ рече Битиќи

Спонзорирано: