23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Битиќи: Излезот од кризата е заеднички напор на граѓаните, Владата и стопанствениците

„Сметам дека веќе сите сфативме дека излезот од криава е заеднички напор и на стопанствениците и на Владата, но и на граѓаните на крајот на денот. И дека колку побрзо реагираат стопанствениците кон одредени одлуки што Владата ги носи, а таа ги носи со цел да го заштити интересот на граѓаните и животниот стандард, мислам дека побрз ќе биде ефектот“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека веќе постоеле знаци на намалување на цените пред да дојде рокот за замрзнување, односно стапување на сила на одлуката на Владата.

„Не знам дали гледачите се сеќаваат на 1 јули минатата година кога помина одлуката за замрзнување на маржата. Јас кажав дека е недозволиво ако до вчера сте имале замрзната маржа на добивка на одреден продукт на 5 отсто, утре таа да биде 75 отсто“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека на терен биле констатирани маржи на профит на одредени тестенини на 75 отсто, што е надвор од секоја економска логика.

„Дали некој манипулира, не би кажал, тоа граѓаните сами би го кажале. Но, за мене како економист, но и како граѓанин..навистина сметам дека не би го купил тој одреден продукт“ рече Битиќи.