Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тренчевска: Системските решенија носат резултат, во државата нема да има плата под 20.175 денари

„Системските решенија даваат резултат. Тоа што ни беше приоритет и за Владата и за мене како министерка беше да носиме системски решенија кои ќе даваат резултат и на краток рок, но уште поважно на долг рок“ рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека одлуката за покачување на минималната плата сега на 20.175 денари е врз основа на системското решение и новата методологија за раст на платите.

„Со системското решение донесено минатата година, од март минималната плата ќе изнесува 20.175 денари што значи дека во државата нема да има плата под тоа. Ако погледнеме во изминатите години и во услови на криза платите растат и минималната плата расте“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека со растот на минималната плата ќе пораснат и останатите плати и ќе порасне и просечната плата.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК