5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведен дилер

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работа Гостивар, вчера, околу 16.15 часот, во гостиварската населба Млаки го лишиле од слобода 25-годишниот З. Б. затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Воедно, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба исто така била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Спонзорирано: