22.8 C
Скопје
25. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Николовски: Денеска се исплаќаат субвенциите во делот на сточарството, а се подготвуваат субвенциите за тутунот

Денеска се одржа централниот настан за презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалоци. о рамки на теренската информативна кампања на министерството за запознавање на земјоделците со новите мерки, а поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Свое обраќање на настанот имаше министерот Љупчо Николовски, кој потоа одговараше и на новинарски прашања во врска со субвенциите.

„Субвенциите како никогаш досега оваа година се исплаќаат навреме бидејќи на почеток на годината се обезбеди целокупниот буџет за субвенционирање и како никогаш досега оваа година имаме редовно и навремено исплата на субвенциите. Тоа и беше целта на новиот модел на субвенционирање, да имаме брза, навремена исплата.

Денеска се исплаќаат субвенциите во делот на сточарството, за говеда, овци, кози, пчеларите и сите останати субвенции во делот на сточарството. Пред неколку недели се исплатија субвенциите во поледелството, лозарството, градинарството, со што над 30 милиони евра минимум се исплатени само во еден месец. Се подготвуваат субвенциите во делот на тутунот и како што кажав, како никогаш досега имаме редовна навремена и брза исплата на субвенции и го имаме намалено износот што доцнеше во претходните години односно во 2017 година, кога сточарите имаа девет фази на неисплатено млеко. Денеска се исплаќаат последните фази од минатата година вклучително и фазите кои дополнително ги внесовме во Интервентниот фонд како поддршка во сточарството.“, рече Николовски.

извор: Агротим