Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Полицијата му упаднала дома – Претрес во Виница, приведен дилер, пронајдена дрога

Како што објави полицијата денеска (15.03.2023) полициски службеници од СВР Штип-ОВР Виница лишен е од слобода 22 годишник од Кочани. При претрес во дом и други простории во Виница, каде што тој престојува, извршен со наредба од Основен суд Виница, пронајдени се и одземени две ќеси со марихуана, бела прашкаста материја, дробилка, дигитална вага, предмети со остатоци од прашкаста материја и поголем износ на пари.

22 годишниот е приведен и задржан во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Можеби ќе ве интересира

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мопедист пренесен во болница

ДЕСК

МВР со детали за трагедијата во Скопје: Загина 19 годишно момче

ДЕСК