25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска: Поддржуваме носење одлуки на релација Косово-Србија, знаеме дека е тешко да се реализираат стратешките цели

Прашање за дијалогот Приштина-Белград и безбедносните импликации министерката за одбрана Славјанка Петровска во гоствувањето во ТВ21 кажа дека прашањето се доближува до ситуација кога треба да се носат одлуки.

-Владата и јас како министерка ги поддржуваме разговорите меѓу Косово и Србија. Секое отворено прашање може да предизвика влошување на безбедносната состојба. Имаше такво загрозување изминативе месеци и затоа се интензивираа разговорите и ние сме поддржувач на носењето одлуки, кажа Петровска.

Таа додаде дека носењето одлуки предизвикуваат емоции што можат да направат компликации, но Косово и Србија ги научиле лекциите од минатото.

-Република Северна Макеоднија на пример изоде тежок пат од она што се нарекува стратешка определба до реализација. Не беше лесна одлука да усвои Преспанскиот договор, но ги гледаме придобивките неколку години подоцна, рече Петровска.

Според неа во одреден момент ваквите одлуки можеби изгледаат неправедни, но стратешките цели треба да бидат реализирани.

-Тие беа долг период само на хартија, како определба, но што се прави по тоа прашање? Сега веќе сме членка на НАТО и зборуваме за ЕУ, кажа Петровска.