Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Бизнис

Од прес-конференцијата на Андонов: Рекордно домашно производство во февруари со кое се задоволени над 90% од вкупните потреби за електрична енергија на цело стопанство

На денешната прес-конференција соработникот за енергетика, Виктор Андонов ги презентираше најновите информации за енергетската состојба на земјата.

„Потврда за тоа дека нашата земја добро се справува со кризата пристигна и од заменик-директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, господинот Дирк Бушле кој пред неколку дена го презентираше Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во земјата пред собраниската Комисија за економски прашања. Во своето обраќање пред пратениците во нашето Собрание тој потенцираше дека Република Северна Македонија има доста успешно ниво на имплементација на законодавството во енергетиката и кажа дека мерките што ги презема Владата во целост се добри мерки и неопходни, како и тоа дека Северна Македонија не е единствена којашто реагираше со субвенции и државна помош, со мерки за ограничување на цените на основните производи, ова е новата реалност во цела Европа бидејќи целиот континент е погоден од оваа криза“, рече Андонов.

Воедно тој истакна дека поддршката од Секретаријатот на енергетска заедница за нашата земја е многу значајна бидејќи тие се наши партнери при креирањето на законските решенија во областа на енергетиката и додаде дека интенцијата на Владата е да ги разгледа сите препораки многу сериозно и во иднина да ја продолжи одличната соработка.

Андонов потенцираше дека ваквите оценки од кредибилни институции во областа на енергетиката се голема потврда на исправноста на енергетските политики што ги спроведува Владата.

„Во месец февруари, од вкупните домашни потреби од електрична енергија дури 90.2% се обезбедени од домашните капацитети за производство на електрична енергија, а само 9% од увоз. Во последните 15 години не се памети кога нашата држава имала ваков обем на покривање на потребите од домашно производство на струја и тоа во зимските месеци. Меѓу другото затоа и пристигнуваат позитивните оценки, затоа што успеваме да ги амортизираме сите потенцијални ризици и шокови што ги наметна кризата со навремени мерки и исправни политики“, рече Андонов.

На самиот крај од прес-конференцијата тој го презентираше дневниот енергетски биланс кој покажува дека во текот на вчерашниот ден вкупното домашно произвoдство на електрична енергија изнесувало 15.203 Mwh, од кои 10.377 Mwh се од термоелектраните, додека 4.826 Mwh се од обновливи извори на енергија. Станува збор за електрична енергија наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите за дополнителните снабдувања за училиштата, водоснабдителните претпријатија и други витални државни субјекти.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе