Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Собраниска делегација во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур

Делегација на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската Унија, во состав: Соња Мираковска, копретседавач, и членовите Жаклина Лазаревска, Бајрам Кадрија, Жаклина Пешевска и Маја Морачанин, ќе престојува во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур на 14 и 15 март 2023 година, каде што ќе има средби со европратеници во пресрет на објавувањето на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија за 2022 година.

Според програмата на посетата, пратениците ќе остварат средби со европратеникот Тонино Пицула, координатор на пратеничката група на социјалистите и демократите во Комисијата за надворешна политика, европратениците Тијс Ројтен и Владимир Билчик, членови на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, потоа со Андреас Шидер, Марион Валтсман и Илхан Кјучук, учесници во дијалогот „Жан Моне“, односно процесот за унапредување на политичкиот дијалог, како и европратеничката Ирена Јовева, претседателка на неформалната група „Пријатели на Северна Македонија“ и член на МПК ЕУ – Северна Македонија.

Во текот на дводневната посета предвидена е средба и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Дејвид Мекалистер, како и средби со известителите во сенка за Северна Македонија во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ), и тоа Тинеке Штрик од групата на зелените, Стелиос Коулоглу од левицата и Матијаж Немец од групата на социјалистите и демократите. Известителите во сенка во име на своите политички групи се одговорни за темата и играат важна улога во усогласувањето на финалниот текст на резолуцијата.

Првиот нацрт на резолуцијата за Северна Македонија на известителот Илхан Ќјучук ќе се разгледува во Комисијата за надворешна политика на крајот на март, за неа ќе се гласа во Комисијата на крајот на мај, а на пленарна седница на Европскиот парламент се очекува да се најде на средината на јуни, соопштија собраниските служби.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе