Centar.mk
вестЛОКАЛНО

СДСМ Гевгелија: За една неполна година откако профункционира, Сарамандов и Чочков ја претворија новата депонија во големо ѓубриште

– За една неполна година откако профункционира, Сарамандов и Чочков ја претворија новата депонија во големо ѓубриште, обвинија од СДСМ Гевгелија.

– Што понатаму со ваквиот интензитет на депонирање комунален отпад?

Која стратегија ќе ја спроведат двајцата “екологисти” кои ветуваа во предизборието решавање на проблемот со депониите. Покрај затворањето на дивата депонија кај Сува Река, отворија уште две нови диви депонии.

За жал, поради несовесното управување со комуналниот отпад, Сарамандов и Чочков ќе бидат причината за голема екокатастрофа.

ОО СДСМ Гевгелија ги повикува надлежните инститиции да извршат надзор во работењето на ЈПКД “Комуналец”- Гевгелија во врска со интензивното депонирање отпад на новата времена депонија кај Ново Конско, прашаа од СДСМ Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ СЕЛА ВО СКОПСКО – Прекинот ќе трае седум часа

ДЕСК

Градоначалникот Александар Георгиевски учествуваше на регионален форум посветен на Зелената агенда

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза – победи зеленилото наспроти бетонизацијата

ДЕСК