Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Спасовски: Нема заштита за никого, заврши времето кога МВР беше познато под друго име

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање за нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски потенцираше дека МВР вчера испрати демант во кој што беа изнесени фактите и аргументите за конкретното лице.
„За тоа конкретно лице, од ова раководство на МВР и од овој директор на полицијата има поднесено две кривични пријави против него и се поведени две постапки. Ако е само да се каже дека нешто се прави што не е во интерес на државата, од страна на опозицијата тоа е една работа, меѓутоа, реалните факти се овие. Нема заштита за ниту еден и треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства коишто се случуваа во тоа време и кога ова министерство за внатрешни работи беше нарекувано со едно друго име. Фактите се тие, а пред фактите и боговите молчат“, потенцираше Спасовски.

Министерот Спасовски уште еднаш потсети дека директорот на БЈБ Сашо Тасевски е еден од врвните професионалци во својата област, со резултати кои покажуваат постојан пад на криминалот откако е поставен од страна на Владата за директор на Бирото за Јавна безбедност.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК