Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Претрес во Битола, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер

На 09.03.2023 во Битола, полициски служеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 3.Б.(29) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Во Драгор пронајдено тело на маж

ДЕСК

Мицкоски: Државата блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен-инвестиција во водната и енергетската иднина

ДЕСК

РАБОТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Паднал од кров при градежни работи

ДЕСК