Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаВо тренд...

ЕВН Македонија повторно ги отвори вратите на музејот „Матка“

06.03.2023, Скопје : Единствениот музеј за електрична енергија во земјата, музејот „Матка“ на ЕВН Македонија, од денес е повторно отворен за посетителите. Првиот ден на новата сезона се одбележа со настан за енергетската ефикасност на кој експерти од компанијата објаснија зошто разумното користење на енергијата е од посебна важност. На целодневниот настан учествуваа стипендисти на компанијата на техничките факултети и ученици од паралелките за дуално образование на ЕВН во СЕТУ „Михајло Пупин“.

Преку експонатите со мултимедијален и интерактивен пристап, учесниците се запознаа со поимот и историјата на електричната енергија, производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето. Во текот на настанот, тие добија многу совети за штедење на електрична енергија и разумно користење на истата.

Глобалната енергетската криза пробуди голем интерес кај граѓаните од сите возрасни групи за да се информираат во врска со енергетската ефикасност и штедењето, а токму во овој Изложбен центар посетителите може да научат повеќе на овие теми. Содржините во музејот „Матка“ се на македонски, албански и англиски јазик, а влезот е бесплатен.
Изложбениот центар „Матка“ е отворен во 2017 година. Објектот е сместен во зградата на старата хидроцентрала на Матка во Скопје. До сега вкупно го имаат посетено околу 20.000 посетители. Центарот е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, како и на Националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија.

Повеќе информации и закажување на посети на: www.matka.com.mk
Заследете не на: Facebook: Матка – Изложбен центар / Matka – Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.center

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за… Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе