Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Вицегувернерката Митреска: Македонската економија има добро поставен банкарски систем

„Изминативе три години банкарскиот систем покажа голема отпорност на кризи од невидени размери. Не само што ја задржа својата стабилност, туку истовремено обезбедува постојана финансиска поддршка за приватниот сектор, придонесувајќи за побрзо закрепнување на економијата.“ Ова го посочи вицегувернерката, Ана Митреска, која учествуваше на Скопскиот економски форум II, на панел-дискусијата „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“, на која учествуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, и потпретседателот на Стопанската комора, Зоран Јовановски.

Вицегувернерката во своето излагање рече дека во фаза на две последователни глобални кризи, банкарскиот систем обезбедува кредитна поддршка со годишен раст во распон од 8 ‒ 9%, а финансиите не се насочуваат само кон секторот „население“, туку значително се зголемува поддршката и за корпоративниот сектор. Околу 60% од растот на кредитите во 2022 година се должат на кредитирањето на корпоративниот сектор, што претставува најсилна финансиска поддршка за овој сектор во изминатиов период. Се разбира ова беше период и кога компаниите имаа потреба од ликвидност за обртни средства во услови на енергетска криза, но нашите анкетни податоци покажуваат дека побарувачката на кредити е поттикната и од потребите на претпријатијата од инвестиции. Истовремено, показателите за кондицијата на банките се поволни. Капитализираноста е на ниво близу 18%, а квалитетот на кредитното портфолио е добар, со учеството на лошите пласмани во вкупните пласмани, на историски ниско ниво од под 3%.

„Банкарскиот систем се соочи со кризите во солидна кондиција, што се должи на силната регулативна и супервизорска рамка, усогласена со највисоките меѓународни стандарди и внимателните политики на банките. „Во тековната криза, во која се испреплетуваат ризиците од повисоката инфлација, понискиот раст, енергетската криза, како регулатор делуваме проактивно на планот на осигурувањето доволно капитал во банките за да се ублажат потенцијалните ризици. Така, на пример, во два наврата ги зголемуваме барањата за капитал во форма на противцикличен заштитен слој за вкупно 0.75 п.п.“, вели Митреска.

„Оттука, македонската економија има добро поставен банкарски систем којшто може во еден дел да ја поддржи структурната трансформација на економијата, којашто ни е потребна“, истакнува вицегувернерката. Таа подвлече дека дополнителната финансиска поддршка насочена кон економска диверзификација, одржлив енергетски сектор, одржливи проекти од аспект на околината, дигитализацијата и иновациите може да придонесе за зголемување на потенцијалот за раст на економијата и општата благосостојба.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе