Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да ги пренесуваме универзалните пораки на Лубарда – за хуманост и за заедништво

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзината колешка, црногорската министерка за култура и медиуми, Маша Влаовиќ, вчера во Музејот на современата уметност свечено ја отворија изложбата на дела од еден од најголемите уметници на 20 век, Петар Лубарда.

Во присуство на голем број гости од јавниот и од политичкиот живот во земјава, министерката Костадиновска-Стојчевска рече дека оваа изложба на дела што се предодредени на вечност, е тестамент во кој е втисната меморијата на постземјотресно Скопје и на Музејот на современата уметност, како синоними на светската солидарност.

„Ова не е само обична изложба, било кажано во октомври 1963 година на отворањето на големата изложба – подарок на 26 слики од Петар Лубарда, во тогашниот Дом на синдикатите во Скопје. И еве, по 60 години, можеме да кажеме дека и ова не е само една обична изложба. Сега, по долго време, сме со сите 52 подарени дела од големиот југословенски и светски уметник, Лубарда“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека уметничкиот гениј, кој со своите слики во 50-тите години на минатиот век предизвикал ново внимание во светот, исправен покрај Дали, Хенри Мур и покрај Пикасо, трагично ја доживеал катастрофата на Скопскиот земјотрес и е меѓу првите што подале рака за поддршка, утеха и надеж. Вредности, кои трајно ги паметиме.

Црногорската министерка, Маша Влаовиќ, изрази задоволство што изложбата е дел од програмата за одбележување 60 години од разорниот земјотрес што го погоди Скопје и по тој повод, познатиот сликар Петар Лубарда донираше значителен број од своите дела како знак на солидарност и поддршка.

„Овој гест беше значаен и од аспект на формирањето на Музејот на современата уметност во Скопје, а може да се каже дека беше и иницијатива за создавање на оваа престижна институција, што особено нѐ радува. Врските меѓу нашите народи во поранешната држава беа силни и продуктивни, а сигурна сум дека тоа е случај и денес, за што сведочи и вечерашната изложба “, рече Влаовиќ.

Претходно, Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ ја потпишаа новата Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот до 2026 година. Овие програми, според министерката Костадиновска-Стојчевска, се можност за нова соработка и за нови проекти, со кои двете земји носат и нов квалитет во работата на новите иницијативи на земјите од регионот со кои се гради европски и модерен Балкан.

„Убедена сум дека во партнерство, пред нас се програми со кои ќе продолжиме да ги пренесуваме универзалните пораки на Лубарда – за хуманост, заедништво, за моќта на уметноста која ги пробива историските граници“, порача Костадиновска-Стојчевска.

За изложбата говореа и амбасадорката на Црна Гора во Северна Македонија, Марија Петровиќ, и еден од кураторите, Владимир Јанчевски.

Изложбата на дела од Петар Лубарда, која ќе биде отворена до 31 март, е резултат на соработката меѓу министерствата за култура на Црна Гора и на Република Северна Македонија, Амбасадата на Црна Гора и Музејот на современата уметност – Скопје, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за… Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе