Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Охрид, има повредени

На 01.03.2023 во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.С.(18) од Охрид излетало од коловозот. По несреќата, возачот М.С. и сопатниците К.Т.(22) и Т.В.(34), двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“, каде на М.С. и сопатникот К.Т. им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на сопатникот Т.В. му биле констатирани телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +