Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Антикорупциската и Обвинителството да го испитаат случајот со имотот на Мицкоски

Надлежните институции, антикорупциската комисија, Обвинителството, по допрен глас, да ги истражат наводите за имотот на Христијан Мицкоски и да ја информираат јавноста, порача владејачкиот СДСМ утрово преку соопштение.

„Повеќе медиуми деновиве изнесоа информации дека семејството на Мицкоски има куќа во Козле, која, според нивни процени, е вредна над 1 милион евра.

Медиумите исто така објавија дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен имот на повеќе локации, во Скопје, Охрид и во Црна Гора.

Јавноста очекува одговор како се стекнуваат милионски имоти со просечна плата на универзитетски професор или зад трупањето имот се крие нешто друго.

Добро е позната кавгата на Мицкоски со Данела Арсовска, која го обвини за рацете во медот.

Во тек е истрага за случајот „Делчевски ниви“, во кој постои основано сомневање за вмешаност на лица од ВМРО-ДПМНЕ и случајот води директно до белиот дворец.

Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста за овие информации, за куќата на блиското семејство и за информациите за милионскиот имот, што ги објавуваат медиумите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК