Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално

Герасимовски: Силна поддршка од амбасадорката Агелер за политиките за пензионерите, младите и лицата со попреченост

Новоформираното претпријатие „Енергија Центар“, транспарентноста и социјалните проекти во општината, акциите за чистење како и текот на изградбата на новата градинка „Пролет“ беа темите за кои градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски разговараше со амбасадорката на Соединетите Американски држави Ангела Агелер на денешната средба во општината.

„Општина Центар е прва општина која формира претпријатие за производство и продажба на струја. Преку „Енергија Центар“ општината има олеснителна процедурата и постапка за инсталирање на поголеми фотонапонски системи на јавните објекти, односно основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти под надлежност на општината. Претпријатието има максимална инсталирана моќност од 2.44 мегавати, додека вкупната инвестиција за инсталирање на фотоволтаични системи со максимална инсталирана моќност е околу 1.755.000 евра. Тоа е инвестиција кога се враќа за 4 до 5 години. Сепак ние како локална самоуправа, не можеме одеднаш да го исполниме овој капацитет затоа најпрво фотонапонски централи ќе поставиме во ООУ „Киро Глигоров“, а потоа во крововите на другите училишта и градинки. Преку оваа инвестиција општината ќе заштеди околу 644. 000 евра или 63% на годишно ниво. Во секој случај, станува збор за долгорочна инвестиција, не само за нас туку и за идните генерации“, рече Герасимовски пред Агелер.

Герасимовски исто така зборуваше и за големите акции за чистење, одржувањето на јавната хигиена и заштитата на животната средина, како и високата транспарентност во општината која се должи на отвореноста и директната комуникација со граѓаните.

Амбасадорката Агелер покажа особен интерес за проектите особено на политиките кои општината ги има за намалување на загадувањето и зачувувањето на животната средина. На покана на градоначалникот Герасимовски американската амбасадорка како жител кој живее и работи во Општина Центар ќе биде дел и лично ќе се вклучи во пролетните акции за чистење.

Агелер исто така се запозна и со социјалните проекти во општината кои ги опфаќаат пензионерите, учениците и децата од градинките кои доаѓаат од социјално ранливите семејства. Низата проекти од обезбедување на лични асистенти за учениците и за време на летниот распуст, грижата во домовите на пензионерите, проектот кој треба да започне и е наменет за обезбедување на нега на лицата со Алцхајмерова болест како и месечните хуманитарни пакети. Силна поддршка од амбасадорката Агелер Герасимовски доби за проектите за пензионерите, младите жители на општината и лицата со попреченост.

Герасимовски од Агелер доби пофални зборови и за новата градинка „Пролет“ особено во вклучувањето на инклузивноста ви образованието и современите и модерните стандарди за престој на дечињата.

На крај на средбата Герасимовски и Агелер го посетија и младинскиот центар „Матично“ каде во тек е изложба од студентите од петти семестар на тема „Зграда на општинската администрација“. Притоа Герасимовски ја запозна за капиталниот проект за изградба на нова општинска зграда која наместо на цела парцела би била на два ката со подземен паркинг на две нивоа за нови 300 паркинг места.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители… Прочитај повеќе

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на… Прочитај повеќе

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе