Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Полицијата му влезе дома: Претрес во Скопје, пронајден кокаин, приведен дилер

На 28.02.2023 во 17.15 часот на ул.„Никола Русински“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(22) од Скопје.

При преглед во возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со кокаин. Со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени неколку пакувања кокаин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +