Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Митрески: Идејата сите проевропски партии да застанат заедно ќе се оствари до крај

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во ТВ21 кажа дека идејата на реконструкцијата на Владата, била да застанат на едно место сите проевропски партии, односно европската коалиција наспроти регресивните сили од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

-Мислам дека оваа идеја наскоро ќе се оствари до крај, па и таа што партија што ја напушти власта ќе ја анализира својата одлука. Целта не беше обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието, бидејќи тоа прашање ќе зависи и од ВМРО-ДПМНЕ, кажа Митрески.

Според него, многу е значајно да се разбере што ќе значи внесувањето на Бугарите и останатите заедници во Уставот.

-Ние треба да бидеме свесни и сериозни и да не си го побиваме идентитетот самите. Внесувањето на Бугарите ќе значи дека постојат два различни народа, македонскиот и бугарскиот, односно ќе се направи дистинција за разлика од една догма што се споменува, истакна Митрески.

Пратеникот додаде дека се подготвуваат уставните амандмани и расправата во Собранието ќе започне во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК