12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ и Синдикатотот на новинари да реагираат на заканите и етикетирањата на Мицкоски кон медиумите

Соопштение на Индекс.мк, откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски етикетираше повеќе слободни медиуми и им се закани со тужби:

Нападите врз слободата на говорот не престануваат. Христијан Мицкоски со „методот“ наследен од Груевски на секаков начин и преку разни закани се обидува да ги замолчи медиумите кои не мислат исто како него и ВМРО.

Порталот indeks.mk е должен уште еднаш да и појасни на пошироката јавност дека ние во ниту еден момент во текот на нашиот прилог за „куќите“ на Мицкоски во Козле, не сме дале никакви сознанија, туку само ги преновме истите информации за кои веќе беше јавно кажано пред една недела од страна на нашиот колега г-дин Александар Митовски во неговата емисија.

Сакаме да потенцираме дека ние, indeks.mk, не кажавме ниту еден збор повеќе од Митовски, туку само го пренесовме и проверивме неговото тврдење кое тој никогаш не го демантираше.

Како медиум што работи во РСМ, бараме итна реакција од Здружението на новинари на РСМ и од Синдикатот на новинари и медиумски работници на РСМ, бидејќи ние сме брутално нападнати од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и тоа го докажуваме во видео делот од изјавата, каде што може и самиот Митовски да биде слушнат велејќи дека никој не го негираше тоа.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +