Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија докажува дека е фактор на стабилност, Ковачевски домаќин на средбата Вучиќ – Курти

Неофицијално дознаваме дека премиерот Ковачевски најверојатно би бил домаќин на средбата помеѓу Вучиќ и Курти, како дел од преговорите Србија – Косово кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, а во присуство и со поддршка на високиот претставник Жосеп Борел и специјалниот пратеник Мирослав Лајчак.

Резултатот од денешниот состанок во Брисел е прифатената содржина на договорот, која според информациите д прифатлива е за двете страни, без понатамошни забелешки и потреба за дополнителна дискусија по однос на текстот.

Останува да се допрецизира планот за имплементација кој во деновите што следуваат ќе биде предмет на дискусија помеѓу преговарачките страни.

Овој договор е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Македонија уште еднаш докажува дека фактор на стабилност, односно земја членка на НАТО, која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа.

Оваа констатација беше неодамна потврдена и посочена на Минхенската безбедносна конференција каде премиерот Ковачевски ја предводеше владината делегација.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК