13.8 C
Скопје
30. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски го честиташе празникот Прочка: Големината на човекот е во простувањето

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, Г.Г Стефан и до членовите на Светиот архиерејски синод, како и на целиот свештенички и монашки клир, и до сите православни верници кои го празнуваат празникот.

„Пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето. Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин.

Меѓусебното разбирање и почит се основата за да можеме да градиме интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности. Нека е честит и за многу години празникот“, вели премиерот Ковачевски во честитката.