Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarБизнис

Тренчевска: Преку постојан раст на пензиите и воведување на социјални услуги го унапредуваме квалитетот на живот на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Трето доба на Македонската телевизија зборуваше за политиките и мерките кои Владата и Министерството за труд и социјална политика ги креираат и реализираат за подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани, вклучително и повозрасните граѓани.

„Градењето на системски решенија кои на долг рок ќе даваат резултати е наша определба. Воспоставивме нова методологија за усогласување на пензиите, која ги следи двата индикатори односно растот на просечната плата и растот на трошоците за живот. Ова усогласување ќе се врши два пати во годината и ова значи постојан раст на пензиите,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека, за година дена пензиите се зголемија за 16% а со усогласувањето во март пензиите ќе бидат за над 20% зголемени.

Таа зборуваше и за финансиската поддршка која како дел од антикризните мерки ја добија 330000 пензионери односно тие добија по 1000 денари за месеците март, април и мај или вкупно 3000 денари.

„Пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од вториот пакет антикризни мерки согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за полесно справување со енергетската криза. Притоа, пензионерите со пензии до 11.525 денари добиваат по 1500 денари 4 месеци, а пензионерите со пензии од 11.526 денари до 14.000 денари по 750 денари,“ информираше Тренчевска.

Таа посочи дека и над 600 стари лица ја користат услугата помош и нега во домот, како дел од мерките кои ги спроведува министерството заедно со локалната власт и давателите на услуги. Придобивката е двојна  и над 250 претежно жени се вклучени како даватели на услуги, кои се потешко вработливи лица, а со оваа услуга ги активираме на пазарот на труд. Услугата помош и нега во домот започна да се спроведува како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги со поддршка на Светска банка, а за да се обезбеди нивна одржливост тие преку управни договори продолжува да ги финансира министерството.

Во нашата држава постојат 5 општински домови за стари лица и сместувачкиот капацитет е над 1000 лица. Покрај општинските , она за кое е надлежно МТСП е и надзорот на изградбата и работата на  приватните капацитети , кои се околу 40 домови. Министерката упати повик до општините да аплицираат со идејни проекти за домови за стари лица, капитални инвестиции во кои може да инвестира и МТСП. Покрај Берово, во градба во моментов е и домот во Пробиштип.

На тема ментално здравје, министерката ја истакна важноста од подигнување на свеста за ова прашање и за повозрасните граѓани, но и за младите. Затоа во периодот кој следува преку разни можности и услуги ќе бидат вклучени во активности со цел подобрување на нивното здравје.  За таа цел се отворени и неколку центри за активно стареење , а во план се и отворање на нови. 2023 година ќе биде година посветена на менталното здравје.

Министерката зборуваше и за присуството на насилството во нашето општество. Таа посочи дека, насилството мора да се пријавува и не смее никој да се плаши од реакцијата на околината.

„Навремено пријавено насилство , може да спречи и кобни последици,“ потенцираше Тренчевска

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе