Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСM: Успешни економски политки, нова германска инвестиција од 126 милиони евра

Соопштение на СДСМ:

Со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и позитивната инвестициска клима во земјава и во услови на светска енергетска криза, македонската економија останува атрактивна за големи странски вложувања.

Германската компанија „Гересхајмер“, глобален партнер на фармацевтската индустрија, отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2.

Се работи за инвестиција од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските развојни зони, како и најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата.

Планирано е отворање на над 180 нови работни места, со просечна плата далеку над државниот просек.

Инаку 2022 година е најдобрата година од постоењето на ТИРЗ, во која е остварен највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра. Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.

СДСМ продолжува посветено работи на подобрување на стандардот на граѓаните и економски развој на државата.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК