Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО – ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов

Соопштение на СДСМ:

Скандалозни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов.

Претходно и Христијан Мицкоски јавно рече дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија.

Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа владеачката коалиција за бугаризација и асимилација, а зад грбот на граѓаните бугаризација прават ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД, со заеднички именител во нивниот претседател Ванчо Михајлов.

Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.

Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го рехабилитираат Ванчо Михајлов, кој самиот се сметал за Бугарин, а Македонија ја сметал за држава на Бугарите.

ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот.

Заглавена во минатото ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, против европскиот пат на државата, против интересите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Дете паднало и било влечено по улица откако било фатено за рака од лице на мотор

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНАЛА ВО ТЕПАЧКА: Полицијата расчистува случај на тепачка меѓу жена и девојка на Бит Пазар

ДЕСК