Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Украина – година на хероизмот“ се одржува денеска, Дом на АРМ, 11 часот, учествуваат претставници на државниот врв, дипломатскиот кор и граѓанското општество

Денеска, во Домот на АРМ, во 11 часот почнува „Украина – година на хероизмот“, заеднички наслов на голем настан со конференција, изложба на фотографии, промоција на книга и проекција на филм, соопшти ЦИВИЛ.

На конференцијата учествуваат Претседателот Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министри во македонската влада, амбасадори и дипломати на повеќе земји од Европа, САД и Јапонија, експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество.

Вкупно 26 говорнички и говорници се предвидени во богатата агенда на настанот во организација на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Програмата на настанот предвидува и проекција на краток филм, изложба на фотографии и промоција на книга за херојската борба на Украина.

Датумот на одржување на овој голем настан, 24 февруари, се совпаѓа со почетокот на руската брутална агресија против Украина пред точно една година.

Изложбата е со фотографии од украинскиот фотограф Едуард Крижанивскиј, додека автор на книгата што се промовира е претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала.

Настанот ќе биде пренесуван во живо, на онлајн каналите на ЦИВИЛ (Фејсбук и Јутуб).

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК