18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ристова: Со реконструкцијата се предлагаат искусни и способни кадри и поголем број жени во Владата

Парламентарното мнозинство е стабилно затоа што имаме луѓе што знаат да ги постават работите во право време, на вистинско место, на вистински начин, порача во реплика на денешната седница пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова.

Ристова посочи дека предлозите за министри и заменик-министри за владината реконструкција знаат да се справат со притисоците и да дадат свој придонес во реформите важни за патот кон ЕУ додавајќи дека за неа посебна гордост претставува тоа што меѓу предлозите за министри и заменик-министри има четири жени.

„Верувам и знам дека во согласност со нивните капацитети, ќе знаат успешно да се справат со предизвикот што го имаат пред себе. Задоволство е да кажеме дека имаме зголемување на бројот на жени во извршната власт“, посочи Ристова додавајќи дека сите предлози за министри и заменик-министри се искусни, способни и докажани личности.

Пратеничката Ристова истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни затоа што и тие знаат дека имаат неспособни градоначалници и слаба локална власт, која не знае да понуди решенија.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК