9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Расчистена тешка кражба во Битола, приведени три лица, одземеното вратено на сопствениците

На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода Ф.С.(40), А.В.(34) и А.Р.(37), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во куќа на ул.„Страшо Пинџур“ во Битола, при што одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: