19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Владата ќе има дополнителен елан и цврст капацитет!

Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето пред пратениците кажа дека е заокружен процесот на реконструкција на Владата преку изборот на нови министри.

-Конкретно, денес имаме можност, шанса, јас би рекол обврска да креираме подобра, поуспешна и поефикасна Влада која целосно ќе продолжи да ги реализира поставените цели и задачи. Да добиеме Влада која на вистински и успешен начин ќе продолжи да ги решава проблемите на граѓаните, која ќе генерира и покажува успех. И веднаш на почетокот, сакам јасно и прецизно да констатирам кој ќе биде идентитетот и карактеристиките на новата Влада – стабилност, ефикасност, успешност, работа, чесност, европски фронт, европска Македонија, европска перспектива, кажа Ковачевски.

Според него, сега Владата ќе има дополнителен елан, поддршка и полн и цврст капацитет.

-На сите ни е јасно дека живееме во време-невреме! Во време на целосна европска безбедносна, енергетска и инфлаторна криза. За мене и за Владата, токму во вакво време се покажува и докажува кого го бива, кој мисли и работи за граѓаните, кој може да овозможи стабилност и раст. Да, тоа е клучно. Бидејќи, и граѓаните и бизнисот, сите, сакаат и бараат стабилност, извесност, предвидливост. Сите ние сакаме да видиме секој ден дека државата и во вакви невидени услови, функционира, ги остварува своите основни функции, но и поважно креира раст и развој, истакна премиерот.

Тој додаде дека ова е време во кое се бориме и внатре и надвор, со објективните проблеми, но и со факторите кои посакуваат државата да стагнира, да уназадува, да пропаѓа.

-Да, ова е јасна борба на две стварности, на две насоки, на две доминантни структури. Првата, ја застапувам и предводам јас, како премиер, како најодговорен. Јас, ние, Владата сме на страната на прогресивното. На патот на чесно, макотрпно, посветено и фокусирано решавање на старите и новите проблеми, на напластените историски проблеми и новите предизвици. Со разум, со знаење, со добра верба, со чесност, со визија и насока кон заедничкото Европско семејство. Со почит и целосна заштита на традицијата, на македонскиот вековен ќ цврст национален, јазичен и културен идентитет и посебност, како начи темели за постоењето порано, сега и засекогаш. И со политики на градење на пријатели во регионот и во Европа, и со профилирани политики за единство, обединетост и работа за европски стандарди, за подобра економија, за подобар животен стандард, за борба против криминалот и корупцијата, за воведување и постоење на ред и поредок во државата на сите нивоа. Јас тоа го ветив пред една година, за тоа работев со мојот тим, и од тоа нема да отстапам за било што, за било кого и било кога! И како Премиер, и како граѓанин, и како човек кој со своето семејство бил и ќе остане во Македонија, нагласи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК