Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Со неодговорното одолговлекување во Собранието, опозицијата ги чини граѓаните 55 илјади евра на ден

„Нашите политички активности и калкулации не треба да ги ставаме пред интересите на граѓаните, а опозицијата токму тоа го прави. За граѓаните да бидат поупатени, организирањето на една пленарна седница во Собранието чини околу 55 илјади евра, пари на граѓаните“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Утрински печат“.

Тој додаде дека опозицијата со неодговорното одлговлекување и зборување за се и сешто, освен за тоа што треба се однесува неодоговрно и кон Собранието и кон граѓаните.

„Опозицијата се обидува да ја закочи постапката и раобтата на Собранието. Причина за тоа е што на крајот на минатата година, нивниот лидер имаше изјави дека во февруари ќе има ново мнозинство и дека ќе се распушти Собранието, а не само што нема ново мнозинство, туку и постоечкото владино мнозинство расте“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ изјави дека доаѓа крајот на лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и поради тоа одлговлекуваат.

„Денес се очекува да се гласа за разрешувањето на министрите, а од утре ќе започне дискусијата за именување на новите министри. До крајот на следанта недела ќе го завршиме процесот“ рече Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК