Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Битиќи: Шпекулациите ги оставивме на опозицијата, македонските граѓани никогаш не се соочија со недостиг на струја

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата „Интервју во ШЕЊА“ изјави дека и покрај сите шпекулации, а можеби и желбите на опозициските партии, граѓаните да немаат струја во текот на 2022 година, дека ќе има рестрикции за струја, да немаме струја во 2023 година, струјата да биде 70% повисока, се случи спротивното.

„Ние како Влада престанавме да шпекулираме, опозицијата има право да шпекулира, нашите граѓани, нашите сограѓани имаат струја. Нашите граѓани ниту за момент не останаа без струја, освен мрежните проблеми кои може да настанат. Поскапувањето според опозицијата требаше да биде 70%-90%, поскапувањето беше во просек 7%, последниот пат го спуштивме за различни категории. Поставивме блок тарифи, ги заштитивме оние кои трошат и кои со тешкотии плаќаат струја, заштитивме 97 отсто од потрошувачите кои се наоѓаат во блок тарифи 1 и 3 при што не добија покачување на струјата“, рече Битиќи.

Тој рече дека можеби на граѓаните се уште не им е јасно дека за секоја сметка што ја плаќаат од 1000 денари, државата плаќа дополнителни 800 денари, и тоа за секое домаќинство.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК